Хрват брутално убиен во Германија, осомничени љубовницата и нејзиниот сопруг (ВИДЕО)

665
ФОТО: Принтскрин

Дваесет и седумгодишниот Кристијан, државјанин на Хрватска, бил пронајден мртов во шума во Германија.

Поради сомнение дека е вмешен во смртта на младиот Хрват, бил уапсен брачен пар.

Телото на жртвата е пронајдено во неделата рнао наутро, околу 7.30 часот, а го пронашол минувач, кој отишол да бере печурки.

Триесет и едногодишниот маж е во притвор под обвинение за убиство, додека неговата две години помлада сопруга, е под истрага дека му помогнала во извршување на злосторството, пренесува „Билд“.

Таа засега била пуштена на слобода, а двајцата негирале дека имаат било каква врска со овој случај.

Во саботата околу 23.30 часот, Кристијан ја уверил својата 71-годишна мајка дека брзо се враќа, па излегол од дома.

– На телото на жртвата пронајдени се траги од огромно насилство, неколку убодни рани и траги од удари со тап предмет по главата – соопштила полицијата.

Според полицијата, во мобилниот телефон на Кристијан имало записи кои покажувале дека комуницирал со брачниот пар. Постојат сомнежи дека парот го убил Хрватот, па со автомобил го оставил телото во шума.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...