Хрватски цариници казниле 98-годишна жена оти печела ракија

227

Хрватски цариници казниле 98-годишната жена од Лика, бидејќи печела ракија.

Старицата од Удбина печела ракија на традиционален начин, а кога , со помош на соседите, бил ставен уште еден котел, во дворот и пристигнал мобилен тим на Царинската служба во Задар.

Старата жена живее сама, па затоа немало кој да и ја објасни законска процедура во врска со условите за дестилација на алкохол дома, пишува „Нови лист“.

Весникот наведува дека ракијата и била одземена и  ѝ била наплатена казна.

Одземени и се 54 литри ракија, а на самото место и била наплатена парична казна од 500 куни (околу 68 евра), а подоцна и дополнителна парична казна од 1500 куни (околу 200 евра).

Соседите не паметат дека некој бил толку ригорозно казнет за таков прекршок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...