Хрватски опозициски пратеник по третпат за 30 дена исфрлен од Саборот

283

Хрватскиот опозициски пратеник Иван Пернар денеска, по третпат во 30 дена, беше исфрлен од седница на парламентот. Тој денеска беше отстранет затоа што доцнел, зборувал без дозвола и на себе имал маица на која пишува „ХДЗ крадци“.

Пернар повторно зборуваше за Фими медија, а министерот за финансии го праша кога ХДЗ мисли да ги врати парите извлечени од таа фирма. Без да му биде даден збор, истото прашање го постави и на потпретседателот на Саборот Жељко Рајнер. Потоа му рече дека се однесува како автомат, наместо да каже: Да, ќе ги вратиме тие пари од ХДЗ. Рајнер потоа му го одзеде зборот и го повика парламентарното обезбедување да го изнесат од сала.

Фото: Patrik Macek/PIXSELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...