Сплитскиот музичар, познат од групата „Далеке обале“, Борис Хрепиќ – Хрепа, доживел сообраќајна несреќа додека патувал на концерт.
– Возејќи кон Каштели, нешто пред Пирова, наеднаш „бум“, сè се зацрни, како да нè погоди топ, при голема брзина се отвори хаубата и се заби во ветробранското стакло, бевме прекриени со стакло… – раскажал Хрепа.
Потоа тој на Фејсбук раскажал дека сите се добро, дошол колегата за да ги преземе инструментите, а автомобилот го однела влечна служба и го оставиле на поправка во Водици. Подоцна музичарот објави дека концеротот се одржал. „Sunnysidersi“ (новата група на Хрепа) среќно стигнаа на крајната цел и свиреа два часа. Тој ѝ се заблагодари на публиката што имале трпение да ги чекаат, како и на пријателите кои му се нашле во несреќата.
FOTO: Printskrin