Хрватски министер поднесе оставка: Секој ден е невиден удар на мене и моето семејство

300
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Хрватскиот министер за државен имот, Горан Мариќ поднесе неотповиклива оставка.

Како што рекол, ниту еден ден на своето работно место не го поминал во мирни услови.

– Работев во програмирани околности во кои станав мета. Ова е медиумска оркестрација … не сум во состојба да прифатам невиден удар на достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство –  рекол Мариќ, пренесува „Индекс.хр“.

Тој додал дека сите кои сакаат да му го претворат животот во хаос, нема да успеат во тоа.

ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...