Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, му честиташе на Зоран Милановиќ (СДП) за неговата изборна победа, нагласувајќи дека очекува тврда кохабитација во согласност со Уставот и законите.
– Имаме долга историја на односите, а оваа неодамнешна, тој (Милановиќ) ја зачини со своите изјави на начин каков јас не го направив во 2016 година и не би можел поинаку, но ќе зборуваме и за тоа – додаде Пленковиќ.
Тој се заблагодари на досегашниот претседател и кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар-Китаровиќ, за нејзиниот петгодишен мандат, како и на сите членови на партијата кои дадоа се од себе за да освојат нов мандат.
На прашањето дали резултатите од претседателските избори му се порака, претседателот на ХДЗ рече дека партијата ќе ги анализира резултатите од тие избори и причините зошто тоа се случило.