Сега веќе надалеку познат бикот Џери, кој во петокот побегна од кланицата, петти ден успешно се крие, а од денеска по него, засега, без успех трага и дрон со инфрацрвени зрави.
Во потрагата ќе биде вклучена и авијацијата. Ова го најави Иван Божиќ, уверен дека неговиот бик ќе се најде бргу.
Дронот со инфрацрвени зраци е кренат вчера попладне, а потрагата по Џери ја предводи сопственикот Иван Божиќ. Инаку, Џери е стар една година и е тежок помеѓу 600 и 650 килограми.
Петар Скејо, сопственик на кланицата од која избегал бикот, ги открил специјалните тактики на трагачите.
Трагачите, всушност, се обидуваат да го намамат Џери со тоа што ќе му донесат крави на местата каде што е виден за да почувствува женка.
Скејо вели дека Џери е многу брз и вешт.
Џери ги освои симпатиите на граѓаните, кои апелираат да не заврши повторно во кланицата, а целата потрага доби своја приказна на социјалните мрежи и во странскиот печат.