Хрватска ќе увезува работници и од Бангладеш

Најавено е дека Хрватска сака да вработи лекари, медицински сестри, специјалисти за ИТ, туризам и градежни работници, а амбасадорот изрази уверување дека Бангладеш е способен да обезбеди квалификувана и неквалификувана работна сила за сите сектори. 

399

Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави амбасадата на оваа  држава во Хаг, по состанокот на амбасадорот на Бангладеш со хрватскиот заменик-министер за труд, Дражен Опелиќ.

Хрватска, според најавите, наскоро ќе испрати нацрт-меморандум за разбирање во Бангладеш, документ кој го опишува договорот меѓу двете земји за оваа тема. По потпишувањето на меморандумот, ќе се започне со подготовките за „регрутирање на потребната работна сила од таа земја”.

Најавено е дека Хрватска сака да вработи лекари, медицински сестри, специјалисти за ИТ, туризам и градежни работници, а амбасадорот изрази уверување дека Бангладеш е способен да обезбеди квалификувана и неквалификувана работна сила за сите сектори. Од Министерството објаснија дека ја следат состојбата на пазарот на трудот „ за да одговорат на сите предизвици во поглед на побарувачката за работна сила”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...