Репрезентацијата на Хрватска го елиминираше домаќинот Русија во четвртфиналето од Светското првенство во фудбал. Хрватите одат во полуфинале каде ќе се сретнат со Англија која денеска ја совлада Шведска.
Во регуларните 90 минути резултатот беше нерешен, 1:1. Први поведоа Русите во 31. минута со голот на Денис Черишев, но радоста им траеше само девет минути.
Во 40. руската мрежа ја затресе Крамариќ.
Резултатот остана непроменет до крајот на регуларниот дел. Во дополнителните два пати по 15 минути, двете екипи постигнаа по еден гол. Први Хрватите за водство од 2:1 во 101. минута со голот на Домагој Вида. Во 115. Русите израмнија на 2:2 откако противничката мрежа ја затресе Марио Фернандез.
По нерешениот резултат во продолжението, Хрватска на пенали со 4:3 (или вкупно 6:5) ја совлада Русија.
Полуфиналето против Англичаните, Хрватите ќе го играат за четири дена.
Во другото полуфинале ќе се сретнат Белгија и Франција.
ФОТО: EPA/MOHAMED MESSARA