Хрватската репрезентација по изведувањето на пенали, ја совлада Данска со 4-3, откако мечот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 1-1, во четвртиот осминафинален натпревар на стадионот во Нижни Новгород.
Ракитиќ, Модриќ и Крамариќ погодија за Хрватска во пенал серијата, а Субашиќ одбрани три пенали на Данците.
Во четвртфиналето Хрватска ќе игра во сабота на 7 јули, во Сочи против Русија.
Токму домаќинот на Мундијалот, во првото денешно осминафинале исто така на пенали ја совлада Шпанија, откако резултатот по 120 минути беше 1:1.
За пласман во четвртфиналето на Мундијалот од трибините ги бодреше и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.