Иако веќе паднаа две оставки, со денови се зборува за реконструкција на Владата во Хрватска. Министрите биле опуштени и расположени за меѓусебни шеги и со новинарите, пренесуваат хрватски медиуми.
Додека министерката за демографија Нада Мурганиќ на влезот во Владата зборувала пред камера за тоа како министрите доаѓаат и си одат, министерот за енергетика Томислав Ќориќ застанал покрај неа.
Новинарите ја прашале министерката дали би сакала да остане во Влада или да си замине.
– Како ќе одлучи премиерот. Веќе тоа го кажав, тоа најмногу мене ме прашувате. Сакате вие мене малку да ме – се насмеала таа.
На прашање на новинар на што тоа мисли, министерот Ќориќ ја довршил реченицата и низ насмевка рекол „еб*те“.
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин