Хрватска без Ракитиќ против Англија

117
Хрватскиот национален тим ќе биде без еден од нејзините играчи Иван Ракитиќ во дуелот со Англија од фудбалската Лигата на нациите.

Ракитиќ,кој е играч од средниот ред, се повреди на средбата на Хрватска против Шпанија, што „коцкестите“ ја добија со 3:2.

Од хрватската репрезентација не прецизираа каква е повредата на 30-годишниот играч, но тој го напуштил кампотт и се врати во својот клуб Барселона.

– Имаме варијанти и без Ракитиќ. Треба да одиме на „Вембли“ и да се забавуваме – изјави хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Натпреварот е клучен за конечниот пласман во групата 4 на Лигата А. Победникот на дуелот ќе заврши на врвот на табелата, а реми би било неповолно и за двата тима, кои ќе завршат на втората и третатата позиција, додека Шпанија би била прва.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...