Хрватска без Ракитиќ на најважниот меч

159

Хрватскиот селектор Златко Далиќ потврди дека Иван Ракитиќ нема да биде во составот на хрватската фудбалска репрезентација на дуелот со Словачка во Ријека, кој за светските вицешампиони е клучен во квалификациите за Европското првенство.

Играчот на Барселона дојде во Загреб да се поздрави со селекторот и колегите од националниот тим, но има воспаление на ахиловата тетива, и мора да одмора барем една недела, па веднаш се врати во Барселона, каде треба да ја продолжи терапијата. На Хрватите им треба најмалку бод за да го освојат првото место.

– Многу ми е жал што нема да играм, со нетрпение го чекав овој меч со Словаците. Уверен сум дека момчињата ќе успеат и без мене. И во Словачка победија без мене, верувам дека така ќе биде и сега – рече Ракитиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...