Хрватска бара уште 3.000 готвачи, келнери и градежници

259

Хрватската Влада одобри зголемување на квотите за вработување работници од странство по апел на работодавачите во областа на угостителството и градежништвото дека нема доволно работна сила во тие два сектора.

Одобрени се 3.000 нови дозволи, од кои 2.000 се однесуваат на туристички ангажман за време на летната сезона и уште 1.000 во градежништво.

Доколку тоа не е доволно, ќе бидат издадени дополнителни 2.000 дозволи, кои ќе бидат издадени по потреба, по 1.000 во двата сектора.

Туристичките работници од Хрватска неодамна ја повикаа Владата да одобри 5.000 работни дозволи за сезонските работници од Србија, од Босна и Херцеговина и од Црна Гора што е можно поскоро, бидејќи во спротивно сезоната на Јадранското Море ќе биде целосно уништена.

Во Хрватска има сѐ помал број готвачи, келнери, но и туристички работници.

Сезонските келнери може да заработат повеќе од 1.000 евра месечно, со обезбедено сместување, а платите на готвачите се движат од 1.500 евра, па нагоре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...