Хрватите имаат нешто руско што вреди милиони, Путин во Загреб да го бара (ВИДЕО)

1441
ФОТО: EPA / YURI KADOBNOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин треба наредната година да ја посети Хрватска, каде меѓудругото, со Колинда и Пленковиќ најверојатно ќе разговара и за сликите на рускиот уметник Николас Роерих (роден како Николај Константиновиќ Рерих). Се работи за десет негови вредни слики кои повеќе од 85 години се наоѓаат во Модерната галерија во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Рускиот амбасадор Анвар Азимов предложил да ѝ се предадат тие слики на Русија, земја од која Роерих заминал уште од 1917 и во која никогаш не се вратил.

Азимов рекол дека иако сликите се добро згрижени во Модерната галерија, Русија ги бара бидејќи таму „ќе бидат побарани“. Пред да се вратат делата на овој уметник, се смета дека потребно е да се утврди прашањето со сопствеништво, па затоа руската амбасада започнала разговор со Министерството за култура на Република Хрватска.

ФОТО: EPA / YURI KADOBNOV / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...