Сè што внесуваме во организмот мора да помине низ црниот дроб, па така тоа е органот што најмногу трпи. Црниот дроб со својата функција го штити телото, а со лошите прехранбени навики можеме значително да ја нарушиме неговата моќ.
Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб, кој има функција на филтер што го чисти организмот од штетните состојки. Токму поради тешката работа што ја извршува црниот дроб може да биде многу оптоварен, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.
Постои начин на кој можете да го прочистите црниот дроб. Некои производи се одлични за таа намена. Освен што го прочистуваат црниот дроб, тие помагаат и за побрзо согорување на калориите.
Со оглед на тоа што црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болниот црн дроб нема да предизвика никаква болка како предупредување дека нешто не е во ред.
Заболувањето на овој орган е многу тешко да се открие, но одлична вест е дека црниот дроб може да се обновува, па така секоја нанесена штета може да се санира.
Овие производи го чистат црниот дроб:
Лук
Поттикнува создавање ензими што му помагаат на телото да ги исфрли токсините.
Цитруси
Богати со витамин Ц, цитрусите се силен антиоксидант кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните елементи.
Цвекло
Богато е со флавоноиди, ја стимулира работата на црниот дроб и ја подобрува нејзината функција.
Зелен чај
Состојката катехин со која овој чај е богат, е силен антиоксидант што го чисти организмот.
Зелен листест зеленчук
Спанаќот, кељот, блитвата и зелената салата се полни со хлорофил, па многу се ефикасни во неутрализацијата и исфрлањето на отровите од крвотокот.
Ананас
Изобилува со витамин Ц, па дејствува како природен диуретик кој го ослободува телото од отрови.
Нане
Листовите нане се богати со флаваноиди кои делуваат како силен антиоксиданс.
Ѓумбир
Многу моќен антиоксидант што го забрзува метаболизмот и помага за исфрлање на маснотиите од телото.
Ореви
Содржат голема количина омега-3 масни киселини и аминокиселини што го забрзуваат процесот на детоксикација.
Зелка
Исто како брокулите и карфиолот, зелката силно влијае врз ензимите на црниот дроб, кои ја регулираат и забрзуваат нејзината функција.