Храна на енергија од сонцето ќе се готви на плоштадот во Неготино

456

Храна на соларна енергија ќе се готви на плоштадот во Неготино в четврток, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во неготинската општина. Активноста е во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“, а организатор е Здружението на граѓани „Ековита“. Станува збор за еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија.

– Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно, доколку се користат обновливи извори на енергија. Учество ќе земат ученици од 4 класа од средното училиште. Додека се готви, на плоштадот со свои производи ќе се претстават локални компании, кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија – соопшти Митрев.

Ќе биде доделена и награда за најдобриот рецепт на учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...