Храбар пит бул умрел спасувајќи ги децата од отровна змија ФОТО

Сопственикот раскажал дека тоа било травматично искуство бидејќи насетувал дека неговиот Зеус нема да ги преживее смртоносните гризнувања.

242

Осуммесечен пит бул им подлегнал на отровните гризнувања од змијата во обидот да ги заштити децата на своите сопственици.

Храбриот Зеус е гризнат четири пати откако истрчал пред браќата Орли и Орион пред нивниот дом. Децата не ни забележале дека им се приближува змија додека верното куче не направило паника и скокнало да ги брани.

Семејството својот миленик веднаш го однело кај ветеринар, но било премногу доцна. Зеус починал наредниот ден. Таткото на децата Гери Ричардсон од Флорида, го нарекол Зеус најверното куче што го познава и рекол дека нему му го должи животот на своите синови.

Гери се присетил на инцидентот кој се случил минатиот понеделник околу 6.15 часот. Вели дека Зеус лежел додека одеднаш не ги „ококорил очите“.

– Одеднаш, почна да ја напаѓа змијата која беше близу до мојот син – рекол и додал дека ја фрлал наоколу при што таа го гризнала четири пати. Кога ја кренал главата која почнала да отекува, покрај кучето се видело безживотното тело на коралната змија.

Гери рекол дека тоа било „трауматично“ искуство бидејќи знаел дека нивниот сакан домашен миленик умира. Мама Георгина Ричардсон упатила видео повик до ветеринарот Гери и децата за да можат да разговараат со Зеус.

За жал, наредното утро Зеус умрел.

– Скршени сме, не можеме да објасниме колку. Го даде својот живот за да ги заштити нашите синови. Засекогаш сум му благодарна – рекла Георгина.

Foto: GoFundMe

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...