Хоџај: Договорот Скопје-Атина корисен за регионот, Москва сака да дестабилизира

Загриженост за безбедноста на Балканот предизвикуваат отворените прашања меѓу државите, но и надворешните закани, како што е, на пример, влијанието на Русија, која постојано работи во правец на дестабилизирањето на регионот. Конкретен пример за тоа е рускиот разузнавачки центар во градот Ниш во Србија, рекол потпретседателот на косовската влада.

145

Потпретседателот на Владата на Косово Енвер Хоџај смета дека влијанието на Русија претставува закана за безбедноста на Балканот, додека спогодбата меѓу Скопје и Атина е придобивка за целиот регион во настојувањата за евроинтеграциите, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Хоџај, овие ставови тој ги изнел за време на официјалната посета на Лондон, каде што се сретнал со британскиот министер за Европа и Америка, Ален Данкан и со пратеници во британскиот Парламент, а учествувал и на подготвителната конференција за лондонскиот самит за Западен Балкан, кој ќе се одржи на 9. и 10. јули, а го организира Домот на лордовите.

– Загриженост за безбедноста на Балканот предизвикуваат отворените прашања меѓу државите, но и надворешните закани, како што е, на пример, влијанието на Русија, која постојано работи во правец на дестабилизирањето на регионот. Конкретен пример за тоа е рускиот разузнавачки центар во градот Ниш во Србија – се цитира Хоџај во соопштението од неговиот кабинет.

Косовскиот вицепремиер го нагласил договорот меѓу Скопје и Атина за конечното затворање на спорот околу името на Македонија како посебно корисен за напредокот на целиот регион во правец на европските интеграции.

– За да се обезбеди мир и стабилност на Блаканот, сите земји треба да се посветат на патот кон Европската унија, а посебно Србија. Западен Балкан треба да го капитализира позитивниот моментум по договорот Атина-Скопје, додека Косово и Србија влегуваат во финалната фаза на дијалогот што треба да заврши со меѓусебно признавање и зачленување на Косово во Организацијата на обединетите нации – рекол Хоџај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...