Клиниката за инфективни болести при Универзитетскиот клинички центар во Приштина на Фејсбук објави дека хоспитализираната странска државјанка не е заразена со коронавирусот.
Претходно директорката на Клиниката, Линдита Бериша изјави дека дека денеска во 17 часот е хоспитализирана жена, за која постои сомневање дека има коронавирус.
Додека косовскиот министер за здравство, Арбен Витиа изјави дека пациентка е државјанка на Велика Британија и има симптоми на коронавирус.
– Станува збор за странски државјанин, која престојувала во ски-центар надвор од Косово, со пет други лица за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус – истакна Витиа“.