Хорор пред дискотека во Србија, на момче му го отсекле увото

Наводно, на момчето му било отсечено увото додека лежело на асфалтот пред дискотеката.

452

Дваесет и седумгодишно момче во неделата било итно префрлено во Белград откако по тепачка пред дискотека, со остар предмет му било отсечено увото, пренесува „Курир.рс“.

Уапсен е 37-годишник поради сомнение дека извршил кривично дело тешка телесна повреда.

Според очевидци, во дискотеката најпрво дошло до расправија и тепачка помеѓу повеќе момчиња, а потоа хаосот продолжил надвор. Наводно, на момчето му било отсечено увото додека лежело на асфалтот пред дискотеката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...