Хорор: Младоженец се напил па ја силувал сопствената ќерка

Несреќната девојка (20) на прославата на венчавката на својот татко  на селскиот имор се напила и онесвестила.

929

Мажот (50) од Данска, кој ја силуваше сопствената ќерка на својата прва брачна ноќ доби две ипол години затвор.

Тој тврдел дека мислел дека тоа е неговата нова сопруга.

Свадбената прослава се случувала на селски имот, каде 20-годишната ќерка испила премногу.

Несреќната девојка (20) на прославата на венчавката на својот татко  на селскиот имор се напила и онесвестила, а нејзиниот татко, кој исто така бил пијан, влегол во нејзината соба, како што тврди, мислејќи дека тоа е неговата избраничка со која тој ден се венчал. За време на прославата, ќерка му била „отруена од алкохол“, а членовите на семејството рекле дека била онеспособена да оди во хотел во градот во близина, па заспала во собата на својот татко во тоа село.

Час и половина подоцна таткото и неговата нова сопруга, видно пијани, дошле во собата и легнале покрај неа, па како што се правда тој, ја „промашил“ сопругата и по грешка почнал да ја допира неговата ќерка. Во тие моменти, девојката се освестила и почнала да го моли да престане, но тој уште погрубо продолжил со силување, пишува данскиот „Јидске Весткистен“.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...