Две деца загинаа, а десетина се повредени, откако автомобил утрово влетал во група деца од градинка во западна Јапонија, соопштила полицијата.
Несреќата се случила откако автомобилот удрил во патничко возило на раскрсницата, а потоа отишол на тротоарот, каде деца на возраст од две до три години стоеле на семафор заедно со нивните воспитувачи.
Двегодишни момче и девојче го изгубиле животот, а уште две деца се во критична состојба.
Возачите, две жени на возраст од 62 и 52 години, биле уапсени по трагедијата.
ФОТО: Принтскрин