Хорор во Матичната служба во Ѓорче Петров: Погледнете во каква руина граѓаните пријавуваат новороденче (ГАЛЕРИЈА)

729

Овие фрапирачки фотографии се направени во Матичната служба во Ѓорче Петров, сместена во прастарото општинско кино кое ги преживеа празните ветувања на сите досегашни градоначалници и наместо културен центар за ѓорчепетровци, како што ветуваа, остана руина во која граѓаните одат и во радост кога треба да запишат новороденче, или во тага кога пријавуваат починат роднина.

Матичната служба повеќе потсетува на напуштено училиште од филмовите за малолетничките криминални банди во њујоршки Бронкс – некогаш одaмна варосаните ѕидови се испишани со секакви дури и вулгарни графити, зад искршените пенџериња се нишаат „катран бели завеси“. Реата на влага што ги распарува ноздрвите додека граѓаните чекаат ред да ја исполнат законската обрска во матичната евиденција, доаѓа од огромната дупка на прокиснатиот таван кој во секој момент се заканува да им падне на глава во сивата чекалница.

Одговорноста за хоророт во Матичната служба во Ѓорче Петров паѓа на Управата за водење на матични книги при Министерството за правда.

Плусинфо побара од надлежните да објаснат кога и како планираат да обезбедат пристојни, односно нормални услови и за вработените во Матичната служба во Ѓорче Петров кои се принудени по осум часа од своето работно време да престојуваат во мизерни простории и за граѓаните кои во револт се присетуваат на големите ветувања и на последните локални избори дека на тој простор ќе добијат мултифункционален и современ објект. Руината на фотографиите подолу сведочи и за изневерената доверба кај гласачите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...