Хорор во Виена, пациент му забил нож на лекар во вратот, така му наредиле гласовите во главата

Напаѓачот рекол дека гласот му рекол да биде во среда во таа болница, во која се лечел од 2011 година, а само пред неколку недели бил опериран и му бил вграден пејсмејкер. Тој додал дека му е благодарен на лекарот што му го спасил животот, но гласовите му наредиле да го убие.

371

Триесет и тригодишен пациент му забил нож на 64-годишен лекар во вратот. Настанот се случил во ходник во болница во Виена. Лекарот е опериран и повеќе не е во критична состојба.

Жртвата е врвен кардиохирург, а напаѓачот бил негов пациент, кој изјавил во полиција дека тоа го сторил бидејќи „така му наредиле гласовите во главата“.

Напаѓачот рекол дека гласот му рекол да биде во среда во таа болница, во која се лечел од 2011 година, а само пред неколку недели бил опериран и му бил вграден пејсмејкер. Тој додал дека му е благодарен на лекарот што му го спасил животот, но гласовите му наредиле да го убие.

Полицијата испитала и неколку од сведоците на бруталниот напад, а лекарот ќе биде сослушан штом му се стабилизира состојбата.

Човекот преживеал благодарение на брзата интервенција на другите лекари. Според очевидци, напаѓачот мирно седел во чекалната, а кога лекарот поминал, тој одеднаш скокнал и му забил нож во вратот. Острицата на ножот била долга 25 сантиметри. Потоа мирно ја чекал полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...