Педесет и двегодишната Светлана Лаурел ја убила ќерката за да му се освети на сопругот, пренесува „Курир.рс“.
Трагедијата се случила во Вашингтон, кога Лаурел се појавила во куќата на поранешниот сопруг. Нејзиниот 12-годишен син ја пуштил внатре, а таа го врзала и му ставила чорап во устата. Со пиштол му се заканувала и му зборувала како неговиот татко и го уништил животот.
Кога 14-годишната Натали и нејзиниот татко се вратиле дома, Лаурел го врзала и сопругот, а нејзината ќерка успеала да избега на другиот спрат и да повика полиција.
Потоа се случило убиството, а полицијата веднаш ја уапсила Лаурел.
Одбиена и е кауција, а покрај убиство, на терет и се ставаат и киднапирање и заробување.
ФОТО: Принтскрин / Курир.рс