Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера околу 19,30 часот во полициската станица Чаир било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога).
Од страна на полициски службеници-увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид.
По наредба на Јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење.