Хорор во Будва: Лице со маска рани двајца во ресторан, полицијата го блокира градот

900

Две лица се ранети при пукање во Будва, по што полицијата го блокира градот, пренесуваат тамошните медиуми.

Според информациите на РТЦГ од полицијата, ранетите се надвор од животна опасност.

Порталот Цдм наведува дека немилиот настан се случил во ресторан во Будва и дека непознатата личност која пукала носела силиконска маска.

Истрагата е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...