Балвиндер Синг Гуман си ја убил сопругата и нејзината мајка во северен Квинсленд и добил доживотна казна затвор, пренесува австралискиот медиум „Еј-Би-Си“.
Четириесет и шестгодишникот бил обвинет дека се обидел да изврши убиство и врз таткото на сопругата, а ја ранил и својата ќерка.
Настанот се случил на 14 март 2016 година.
Обвинетиот признал дека неговите дејствија придонеле за смртта на двете жени, но одбраната тврдела дека тој пати од параноидна шизофренија и алкохолизам.
На судот обвинетиот зборувал преку преведувач, па кажал дека во Австралија дошол од северна Индија за подобар живот.
Наместо тоа, на Гуман му бил договорен брак, кој според него му донел 50 отсто среќа, а 50 отсто несреќа.
На 14 март, сопругата и нејзината мајка му рекле дека сакаат тој да го напушти семејството, па потоа Гуман ја избодел 23 пати својата сопруга во вратот, главата и градите.
Потоа следела нејзината мајка, па го прободел и нејзиниот татко, но и сопствената ќерка која се обидувала да и помогне на мајката која умирала.
На судот било кажано оти Гуман верувал дека во неговото такси влегувале „геј луѓе и му се додворувале“, дека луѓето околу него зборуваат за детали од неговиот сексуален живот, како и оти братот на неговата сопруга ставил камера во нивната спална соба со намера да дојде до секс видеа.
– За да не мислам на тоа, пиев – рекол Гуман.
Дваесетгодишната Манраџ кажала дека посакува таа да е мртва, а не нејзините мајка и баба.
– Тие нема да ме видат кога ќе дипломирам на факултет следната година – додала таа.
ФОТО: Манраџ – ќерката на обвинетиот (Еј-Би-Си Њуз – Џеси Томсон)