Хонг Конг: Маж му одгриза уво на политичар и со нож повреди две лица

271

Полицијата во Хонг Кон уапси 48-годишен маж, кој за време на протест, со нож повреди две лица, а на локален политичар му одгриза дел од увото.

Приведени се и двајца мажи, кои го нападнале потоа.

Претставникот на хонконшката полиција Џон Це рече дека синоќа мажот нанел убодни рани на една двојка пред трговски центар после расправија со нив, а потоа гризнал локален политичар, Тој појасни дека неименуваниот маж потоа бил претепан од бесната маса, а во тепачката биле повредени и двајца помлади мажи.

Полицијата прецизира дека во инцидентот се повредени пет лица, од кои двајца се во тешка здравствена состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...