Холунд освои златен медал на маратонот во крос-кантри на СП

32
foto mia

Норвежанецот Ханс Кристер Холунд е победник на маратон на Светското првенство во нордиски дисциплини во австрискиот Зефелд. Триесетгодишниот Холунд патеката долга 50 километри ја мина за 1 час 49 минути 59,3 секунди.

Втор на целта стигна рускиот скијач Александар Болшунов со 27,8 секунди  заостанување зад победникот.

Бронзата ја освои Шур Рете од Норвешка кој задоцни зад својот сонародник 57,8 секунди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...