Холивудската дива ѝ удрила шлаканица на соработничката па остана без работа ФОТО

Откако физички ја нападнала жената, Феј Данавеј почнала да пцуе и да вреска на соработниците, па претставате морало да биде откажана.

1733

Американската актерка која важи за тешка и арогантна колешка и соработничка, повторно го потврдила овој статус и поради тоа останала без работа.

Имено, 78-годишната холивудска актерка Феј Данавеј поради агресивното однесување добила отказ од монодрамата „Чај во пет“. Актерката создала многу непријатна и непријателска атмосфера поради која останатите вработени се плашеле, пишува „Њујорк пост“.

Феј Данавеј останала без работа, бидејќи неколку минути пред почетокот на монодрамата ја исшамарала соработничката и не неа фрлала предмети, а веднаш по инцидентот претставата била откажана.

Во прашање е жена која се обидувала на актерката да ѝ ја стави периката. Откако физички ја нападнала жената, Феј Данавеј почнала да пцуе и да вреска на соработниците, па претставате морало да биде откажана.

Продуцентите на претставата го потврдиле инцидентот и додале дека со актерката го прекинале професионалниот однос. Претставата, која во Бостон е одлично примена, својата лондонска премиера ќе ја има нешто подоцна додека продуцентите не најдат нова актерка.

Извори за „Њујорк пост“ ррекла дека Феј Данавеј лошо се однесувала кон колегите и во текот на пробите на претставата.

Во монодрамата „Tea at Five“ Данавеј играла уште една холивудска легенда, актерката Кетрин Хепберн, и тоа во фазата на закрепнување од автомобилската несреќа во ѝ983 година.
Ова требало да биде триумфално враќање на славната актерка на даските кои живот значат, цели 35 години по инцидентот во Лос Анџелес. Тогаш продуцентот Ендру Лојд Вебер пред самиот почеток на претставата „Сансет Булевар“, ѝ дал отказ, бидејќи наводно Данавеј лошо пеела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...