Холанѓанец со фалсификувана бугарска дозвола се обидел да влезе во Македонија

236

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Ч.Ј.У.(29) од Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На граничен премин „Богородица“ тој вчера допатувал со патничко возило „фолксваген туран“ со грчки регистарски ознаки и на увид дал бугарска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.

Пријавениот бил лишен од слобода за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...