Холандската компанија „Спејс-Лајф Ориџин” има намера да испрати бремена жена во Вселената, која во Земјината Орбита би го родила првото „вселенско бебе“ во историјата.
Тоа ќе биде направено за потребите на науката, пред сѐ затоа што научниците стравуваат дека во иднина нашата планета може да стане неповолна за живот и така би се наложило да бидат колонизирани други небесни тела, се вели во соопштението на компанијата.
Макар што ова на многумина им изгледа несериозно, особено поради фактот што нашата цивилизација сѐ уште е далеку од долгите вселенски одисеи, од компанијата се убедени во успехот на својата мисија.