Холандскиот парламент даде зелено светло за Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија, а гласаше против Албанија.
Холандија е една од земјите од групата, на чело со Франција, која изминатиот период изразуваше скептицизам во однос на тоа дали Европската Унија треба да започне пристапни приговори со нашата земја. Холандија и Франција беа земјите кои стоеја и зад „нон-пејпрот“ кој во јавноста излезе пред еден месец, а со кој се бараше за Македонија да се одложи почетокот на преговорите до наредната пролет.
Добрите вести од холандскиот парламент се однесуваат само на Македонија, а не и на Албанија. Мнозинството пратеници ѝ порачаа на холандската влада да гласа против тоа нашиот западен сосед да ги почне преговорите со ЕУ. Причините се тоа што резултатите во Албанија не се доволни и не ги исполнуваат условите поставени од Брисел во врска со корупцијата и криминалот.
„Албанија јасно не ги исполни петте приоритети утврдени во извештајот за напредок, бидејќи нема историја со правната реформа, борбата против корупцијата или борбата против криминалот. Врз основа на овој напредок, не можеме да ги отвориме преговорите за пристап. Холандската влада не треба да гласа за предлогот на Европската комисија за отворање на пристапните преговори “, се вели во предлогот од холандскиот парламент.
Кога е во прашање Македонија, засега најголемата пречна останува Франција, која е тврдоглава во однос на проширувањето на ЕУ, бидејќи претседателот Емануел Макрон бара прво внатрешни реформи во Унијата.
ФОТО: EPA/JERRY LAMPEN