Хоакин постави клупски рекорд на Бетис

81

Крилото на Бетис, Хоакин Санчес, постави нов клупски рекорд по бројот на одиграни првенствени натпревари во дресот на „зелено-белиот“ тим од Севилја.

Хоакин синоќа против Осасуна го одигра својот 308-ми меч за Бетис во првата шпанска лига, и со тоа го надмина Хулио Кардењоса, кој од 1974 до 1985 година играше за овој клуб и настапи на 307 средби.

Инаку, ако се сметаат сите мечеви кои Хоакин ги одиграл во шпанската Примера, бидејќи беше член и на Валенсија и на Малага, тој зад себе има 523 настапи, со што е петти на вечната листа, и му фалат 28 натпревари за да дојде до второто место.

Фото: EPA/JOSE MANUEL VIDAL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...