Еден политичар во САД давал интервју на железничка станица која е девастирана од измет од птици. Токму во тој момент гулаб решил тоа практично да го демонстрира.
Хаиме Андраде, претставник на Демократската партија, разговарал со репортерката на Ирвинг Парк Блу станицата за проблемите на постојката која граѓаните ја нарекуваат „станица гулабово ср..е“. Додека тој зборувал, на глава му паднал птичји измет.
– Мислам дека ме средија, ќе мора да се исчистам – рекол Андраде, кој се бори за детално чистење на станицата и решавање на овој проблем.
– Ова се случува на мојте сограѓани, по нив се..т цело време – додал тој.
RIGHT ON CUE: A pigeon relieved itself on state Rep. @AndradeRep40 as he spoke to CBS 2’s @laurenvictory about a @CTA stop nicknamed the “pigeon poop station.” “That’s what happens to my constituents,” he said. “They get s**t on all time.” https://t.co/1mVonGXDfM pic.twitter.com/RZVKiuGqH0
— CBS Chicago (@cbschicago) September 16, 2019