Хитлер се надева дека ќе се врати на власт, Ленин сака да го спречи

502

Родителите избираат странски имиња иако во странство имаат негативна конотација. Во перуанското грдаче Јунгар, високо во Андите, за две недели ќе се одржат избори за градоначалник.

На изборите Хитлер се надева дека ќе се врати на власт, а Ленин се обидува да го спречи во тоа.

Се наведува дека насекаде по градот се појавиле натписи „Хитлер се враќа“ и „Хитлер е со народот“, кои се однесуваат на поранешниот градоначалник Хитлер Албу Санчез, кој на власт во Јунгар бил од 2011 до 2014 година.

Неговиот противник Ленин Владимир Родригес Велверде се обидел минатата недела да издејствува забрана на кандидатурата на Хитлер за изборите кои се оддржуваат на 7 октомври, но локалната изборна комисија го отфрли барањето.

Хитлер нагласува дека отфрла се за што германкиот нацистички диктатор Адолф Хитлер се залагал и дека сака да владее чесно и транспарентно.

– Јас сум добар Хитлер – рекол Алба на перуанската телевизија РПП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...