Хиршер го освои малиот Кристален глобус

67

Французинот Алекси Пинтуро го освои последниот велеслалом за сезоната во Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во Солдеу (Андора). Пинтуро заврши со вкупно време од 2:13,06 минути. Тој ја освои првата трка со 1:06.28 минута и даде петто време во втората со 1: 06.78 минута.

За Пинтуро ова е 23-та победа во Светскиот куп, што е рекорд за Франција во алпско скијање, како и 11-тиот успех во оваа дисциплина. За Французинот, кој е олимписки и светски бронзен медал во дисциплината, ова е прва победа за Светскиот куп од декември 2017 година. Марко Одермат (Швајцарија) беше втор на 44 стотинки заостанување, а трет со 1:03 секунда зад победникот заврши Жан Крањец (Словенија).

Марсел Хиршер од Австрија, кој веќе ги освои малите Кристални глобуси во велеслалом и слалом, како и осмиот по ред голем Кристален глобус, заврши на шестото место денес со 1,74 секунди зад победникот.

Во финалниот пласман за малиот Кристален глобус во велеслалом, Хиршер завршува прв со 680 поени, а по него се Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 516 поени и Пинтуро со 469.

Хиршер продолжува да води со 1.528 поени во генералниот пласман во Светскиот куп. Втор е Алекси Пинтурo (Франција) со 1.113 поени, а трет е Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 1.002 поени.

Пласман во велеслалом во Солдеу, Андора:

  1. Алексиј Пинтуро (Франција) – 2:13.06 минути (1: 06.28 минути во првата трка и 1: 06.78 минута во втората)
    2. Марко Одермат (Швајцарија) – 2:13.50 (1: 07.16 и 1: 06.34)
    3. Жак Крањец (Словенија) – 2:14,09 (1: 07.26 и 1: 06.83)
    4. Мануел Фелер (Австрија) – 2:14.36 (1: 07.67 и 1: 06.69)
    5. Метју Февр (Франција) – 2:14.45 (1: 07.86 и 1: 06.59)
    6. Марсел Хиршер (Австрија) – 2:14.80 (1: 07.63 и 1: 07.17)

Пласман во велеслалом:

  1. Марсел Хиршер (Австрија) – 680 поени
    2. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) – 516
    3. Алекси Пинтуро (Франција) – 469
    4. Жак Крањец (Словенија) – 344
    5. Лоик Мејер (Швајцарија) – 313
    6. Матс Олсон (Шведска) – 296

Генерален пласман за Светскиот куп:

  1. Марсел Хиршер (Австрија) – 1.528 поени – шампион
    2. Алекси Пинтуро (Франција) – 1.113
    3. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) – 1.002
    4. Доминик Парис (Италија) – 950
    5. Винсент Крихмаер (Австрија) – 739
    6. Беат Фојц (Швајцарија) – 722.

Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...