Хирурзи во стомакот на жена нашле накит и монети вредни 60.000 евра

Нејзината мајка раскажала дека забележала дека почнале да исчезнуваат ѓердани и обетки, но дека немала поим дека нејзината ќерка ги голта.

641

Лекарите во индиската држава Западен Бенгал останале шокирани кога од стомакот на 26-годишна девојка извадиле накит и монети во вредност од 53.000 фунти, односно 58.000 евра кои ги голтнала.

Руни Катун отишла во болницата на средината на јули откако почнала да го повраќа секој оброк. Лекарите ја упатиле на итна операција кога виделе што се крие во нејзиниот стомак.

Во текот на операцијата од стомакот на Индијката биле извадени дури 69 златни ланчиња, 80 обетки, 46 монети, осум медаљони, 11 обетки за нос, четири клуча, пет брезлетни и еден рачен часовник.

Карун наводно го голтала накитот од продавниците, но и во куќата. Нејзината мајка раскажала дека забележала дека почнале да исчезнуваат ѓердани и обетки, но дека немала поим дека нејзината ќерка ги голта.

Сидарта Бисвас, шефицата на хируршкото одделение во болницата „Рампурат“ рекла дека пациентката изгледала многу слабо и малаксано кога дошла во болницата.

Нејзиниот хемоглобвин бил толку низок поради што лекарите не можеле да ја извршат операцијата додека не ја довеле во стабилна состојба.

– Нејзината состојба беше толку критична поради што беа потребни пет шишиња крв. Не можеше ни физички да внесува храна, па моравме да ѝ ја вбризгуваме храната преку уста – раскажала таа.

Катун сега е стабилизирана и е задржана на понатамошно лекување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...