Хирург во Франција осомничен за силување 349 малолетници

Станува збор за постапка досега невидена како по начинот на кој се откриени фактите од обвинителството и по бројот на лица. Досега има 250 потенцијални жртви, додаде таа.

861

Француското обвинителство идентификувало 349 потенцијални жртви на пензиониран хирург осомничен за силување малолетни пациенти во речиси 30 години од својата работа.

– 229 лица се сослушани од кои 197 поднесоа тужби, изјави државната обвинителка Лорелин Перифит.

– Станува збор за постапка досега невидена како по начинот на кој се откриени фактите од обвинителството и по бројот на лица. Досега има 250 потенцијални жртви, додаде таа.

Жоел ле Скоурнес (68) е во затвор откако пред две години против него беше поднесена тужба за силување и други полови напади врз четири жртви кои биле малолетни во време на извршување на делото.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...