По тешката сообраќајна несреќа и уште потешката операција, хирургот на водителката Деа Ѓурѓевиќ во детали раскажа за „Ало“ во каква состојба била нејзината рака.
– Се работеше за потполно откорната рака од лактот до рамото. Беше и изгорена. Сепак, успеавме да ја сочуваме и да ја сошиеме успешно – изјавил Марко Бумбаширевиќ.
Тој додал дека состојбата на Деа ќе биде следена, но тој очекува дека водителката сосем нормално ќе може да ја користи раката.
Операцијата била навистина комплицирана, а откако завршила, хирургот бил „мртов уморен, крвав и испотен“.
Откако се разбудила, првите зборови на водителката биле „Му благодарам на Господ што сум жива“.
Таа имаше тешко оштетување на раката, откако на неа налетал автобус.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб