Херојот кој ja спасил „Круната од трње“ од огнените јазици во Нотр Дам

1466
FOTO Tviter

Свештеникот Жан Марк Фурние, кој е и капeлан на противпожарната бригада на Париз, влетал во катедралата Нотр Дам заедно со пожарникарите и од пламените јазици успеал да ја спаси „Круната од трње“ и Благословениот сакрамент, реликвии за кои што се мислеше дека исчезнале  во катастрофалниот пожар кој вчера попладне зафати дури две третини од црквата.

– Отец Фурние е апсолутен херој. Тој не покажа страв кога втрча право по реликвиите во катедралата и ги спаси. Тој секој ден се носи со животот и со смртта и не покажува страв, изјавил припадник на службата за Итна помош, пренесоа француските медиуми.

Херојството го потврдил и уредникот на француската католичка телевизија КТО Етјен Лораије.

– Отецот Фурние влезе со пожарникарите во катедралата Нотр Дам за да ги спаси Круната од трње и Благословениот сакрамент, изјавил Етјен Лораије.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...