ХЕРА организира школа за социјално претприемништво

На школата ќе присуствуваат 20 учесници - претставници од граѓанскиот сектор со идеи за креирање на социјални бизниси.

95

Во Охрид од денеска до 2 септември ќе биде одржана првата Летна школа за социјално претприемништво за граѓански здруженија, во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

На школата ќе присуствуваат 20 учесници – претставници од граѓанскиот сектор со идеи за креирање на социјални бизниси. Предавачи се домашни експерти, како и експерти од партнерската организација Здружение за креативен развој СЛАП од Хрватска. Настанот се организира во рамките на проектот Отвораме Можности финансиран од Европската Унија.

Од ХЕРА веруваат дека со создавање на социјални бизниси ќе се отворат можности за вработување на лицата од маргинализираните заедници што води кон нивно економско јакнење и социјална инклузија и оти социјалното претприемништво ќе отвори можност за решавање на пошироки општествени и економски потреби со цел да се креираат по кохезивни и инклузивни општества.

Во Европа, според податоците на ХЕРА, постојат околу два милиона социо-економски претпријатија, што претставува 10 отсто од сите бизниси во ЕУ. Повеќе од 11 милиони луѓе или околу 6 отсто од вработените во ЕУ работат во социо-економски претпријатија. Основани се под различни правни форми и имаат различни цели, од земјоделството и банкарството до обезбедување на вработување на маргинализирани заедници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...