Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, врз основа на анализата од 2014 до 2018 година, очекува зголемување на говор на омраза на социјалните медиуми, особено врз основ на етничка и/или политичка припадност, во пресрет на отпочнувањето на кампањата за избор на нов претседател на државата, се вели во најновиот Извештај од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ за месец јануари 2019 година.
Вкупно 65 случаи поврзани со говор на омраза пријавени се на порталот www.govornaomraza.mk во текот на месец јануари 2019 година.
– Споредбено со 2018 година, се забележува пораст на пријавените случаи на социјалните медиуми, особено говор на омраза поради етничка припадност (или 36 отсто од вкупниот број на пријави), сексуална ориентација, род и пол (или 34 отсто), како и поради политика припадност (или 15 отсто). Зголемениот пораст, исто така, соодејствува со две клучни политички случувања во државата – усвојување на Уставните амандмани, согласно Договорот од Преспа на 11.01.2019 година и објавувањето на Законот за употреба на јазиците кон средината на месецот. Во тој временски период регистриран е пораст врз основ на етничка и политичка припадност – се наведува во Извештајот, каде се посочува и дека „врз основа на сопственото следење на говорот на омраза за јануари, може да се утврди на слаба респонзивност од надлежните институции во сакционирање на овој феномен“.
Споредбено со 2018 година, се забележува зголемен број на пријави врз основ на сексуална ориентација, род и пол, кој, според структурата на пријавени случаи, достигна број на 1/3 од вкупниот број на пријави.
Целиот извештај може да го видите тука