Хелсиншки комитет: Бараме суштински, а не декларативни промени

105

Во 2018 година, 919 лица се евидентирани како жртви на семејно насилство. Од нив 665 се жени, односно 72 отсто. Секоја втора жена во државата е жртва на психичко насилство, секоја четврта е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство. Вкупен број на фемициди во перидот 2008 – 2016 изнесува 70, потсети Хелсиншкиот комитет по повод Меѓународниот ден на жената и бара суштински промени.

5379 текстилни работнички пријавија прекшување на работнички права, само во изминатата година. Во 51 отсто од општините нема пристап до основни гинеколошки сервиси Само 15 отсто од министрите се жени, а само 7.4 отсто од градоначалниците.

– Хелсиншкиот комитет го користи Меѓународниот ден на жената повторно да потстети на овие поразителни статистики. Заложбите на државата  остануваат декларативни, а не суштински. Жртвите на родово базирано и семејно насилство, се уште не ја добиваат соодветната институционална заштита и сервиси. Продолжува трендот на испишувањето на ученички од основните и средни училишта, честопати ради склучување малолетнички бракови. Жените од руралните средини се уште се соочуваат со родова дискриминација, поради нееднаквата распределба на ресурсите, традиционалните стереотипи  како и родово – дискриминаторски земјоделски политики. И покрај ратификувањето на Истанбулската конвенција, хармонизацијата на националното законодавство со истата се одвива многу бавно.

Се уште не е донесен посебен Закон за заштита од родово базирано насилство. Се уште не се усвоени новите предлог – закони за заштита и спречување од дискриминација и за прекинување на бременоста, Законот за социјална заштита и дополнувањето на Кривичниот законик со воведување фемицид како посебно кривично дело.

Од овие причини, бараме државата итно и без одложување да спроведе промена и хармонизација на законската рамка, да ги воведе сите потребни сервиси, да обезбеди пристап до правда и заштита на сите жени чии што права се прекршуваат и да примени родово одговорно буџетирање при креирањето на политиките, стои во соопштението.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...