Хеликобактер е особено опасна: Ако вака ја лекувате, ќе го намалите ризикот од рак на желудник

Искоренувањето на бактеријата што предизвикува чир на желудникот може да ги преполови шансите за рак на желудникот кај луѓето во чии семејства некој член имал карцином на желудникот.

1713
Blond woman with a painful expression sitting on a grey sofa at home with her hands placed on her stomach

Бактеријата Хеликобактер пилори предизвикува инфекција што денес ја има половина од популацијата, најчесто се населува во желудникот, а го зголемува и ризикот од рак на желудникот.

Имено, искоренувањето на бактеријата што предизвикува чир на желудникот може да ги преполови шансите за рак на желудникот кај луѓето во чии семејства некој член имал карцином на желудникот.

Рак на желудникот во семејството подразбира двојно или тројно поголем ризик за појава на карцином на овој орган, а ризиците се поголеми кај луѓето кои се заразени со Хеликобактер, наведува тим на научници во магазинот „New England Journal of Medicine“.

Новото истражување што опфатило околу 1.676 доброволци и траело околу 9 години, претставувало обид да се дознае дали искоренувањето на бактеријата со помош на два антибиотика и лекови што го блокираат создавањето желудочна киселина, може да го намали ризикот од рак.

Ризикот од карцином е намален за 55 отсто

Од 844 лица на плацебо терапија, 2,7 отсто развиле рак, додека кај групата што била на терапија со антибиотици, ракот се појавил само кај 1,2 отсто.

Во 30 отсто од случаите, терапијата со антибиотици не ја уништила Хеликобактеријата. Но, ризикот се намалил на 0,8 отсто, што значи дека имале 73 отсто помали шанси за појава на рак на желудник.

– Резултатите се добра вест, бидејќи сметаме дека еднонеделното или двонеделното земање антибиотици може да спречи рак на желудникот – изјавил авторот на студијата д-р Ил Ју Чои од јужнокорејскиот национален центар за борба против рак.

Тој вели дека мудро би било луѓето кои имаат член од семејството што боледувал од рак на желудникот, да се подложат на гастроскопија и тест за Хеликобактерија.

– Ако постои зараза, треба да се лекува – открил тој.

Тест на бактеријата од здивот може да покаже дали антибиотската терапија дејствувала. Во 10 до 30 отсто од случаите во кои бактеријата ја „преживеала“ терапијата, треба да се пробаат други лекови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...