Хеленик петролеум разговара со македонската влада за спогодба околу спорот

139

Паралелно со арбитражниот процес, Хеленик петролеум води разговори со македонската Влада за да се најде спогодбено решение за спорот.

– Групацијата Хеленик Петролеум покрена арбитражна постапка против владата на Северна Македонија пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари оштета што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на Арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек. Паралелно со арбитражниот процес, ние водиме разговори со Владата на Република Северна Македонија со цел да најдеме спогодбено решение за спорот. Во однос на другото прашање кое се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, ние, исто така имаме контакти со владата во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од Преспанскиот договор – рече Џорџ Алексопулос, генерален менаџер за стратешко планирање и нови активности во Групацијата и извршен член на Одборот на директори на Хеленик петролеум, на маргините на „The Economist Conference“ што се одржа во Атина од 16 до 17 јули 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...