Селекторот на фудбалскиот национален тим на Црна Гора, Фарук Хаџибегиќ, рече дека се срами од позицијата на табелата на која се наоѓа тимот во моментов.
„Срам ми е што екипата која ја водам, е последна на табелата во групата. Не заслуживме да загубиме 0:3 од Чешка, треба да извлечеме поуки. Ни треба резултат и да покажеме лице по кое сите ќе нè респектираат“ – рече Хаџибегиќ при објавувањето на составот на „соколите“ пред дуелите со Бугарија и Косово.
Црногорците на 11 октомври се домаќини на Бугарија, а три дена подоцна гостуваат кај Косово, кој е најпријатно изненадување во групата и со Чешка се бори за второто место.