Баерн Минхен и теоретски ја обезбеди шампионската титула во Бундес лигата, а тренерот Јуп Хаинкес дел од заслугите му препиша и на неговиот претходник Карло Анчелоти.
Италијанецот го предводеше Баерн од почетокот на сезоната.
– Го поздравувам Карло Анчелоти во Италија. Оваа титула е и за него, тој е фантастичен тренер, изјави Хайнкес откако неговиот тим го совлада Аугсбург со 4:1 и стана недостижен за конкурентите.
Трофејот е резултат на работата на сите. Прво и основно, играчите се најзаслужни. Да се биде шампион на Германија е нешто посебно, додаде Хајнкес.
За него ова е четврти шампионски трофеј како тренер во Германското фудбалско првенство.
По крајот на сезоната Хајнкес ќе се пензионира.
ФОТО: EPA/RONALD WITTEK